Претседателите на Турција и Русија Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин се состанаа денеска во Сочи каде ќе ги разгледаат билатералните односи и ситуацијата во регионот, првенствено за воено зафатената Сирија.
Ердоган денес во пресретна состанокот со рускиот колега Владимир Путин во Сочи изјави дека размената на идеи за политичките, воените и економските прашања ги зајакнуваат двете страни.
Путин го прими Ердоган во Претседателската резиденција во Сочи, кој му се заблагодари за неговото гостопримство, додавајќи дека е среќен што има честа можност да разговара со него.
-Нашата соработка, особено за регионалните прашања, дава поинаква надеж за целиот регион. Убеден сум дека денес очите на целиот свет се насочени кон Сочи. Убеден сум дека исходот од овој состанок ќе донесе нова надеж во регионот – рече Ердоган.
Лидерите на Турција и Русија одржаа состанок зад затворени врати.
Денес, Путин на состанокот со турскиот претседател Ердоган во Сочи изјави дека заеднички ќе бараат решенија за сложени прашања.
– Има многу теми за кои ќе зборуваме. Некои од прашањата се комплицирани. Ние ќе разговараме за сите нив и ќе го бараме патот до решението – изјавил Путин.
Путин изјавил дека е во постојан контакт со својот турски колега Ердоган, а дека и минатата година се состанаа во Сочи.
– Нашите билатерални односи се развиваат во позитивна насока. Трговската размена расте со голема брзина. Ние развиваме односи и од аспект на регионалната безбедност – заклучил рускиот претседател Путин.
Извор:faktor











