Грачки анархисти ја нападнаа Иранската амбасада во Атина

0
322
Група анархисти ја нападнале утринава иранската амбасада во Атина утринава во знак на протест поради третманот на курдското население во таа земја, објавија грчките власти.
Полицијата соопшти дека околу 10 мажи вооружени со метални прачки во понеделникот утрината ги искршиле прозорците на амбасадата во во просторијата за чекање и фрлиле црвена боја во дворот на амбасадата.
Никој не бил повреден во нападот.
За нападот одговорноста ја превзела групата Рубикон која соопшти дека нападот бил извршен во знак на солидарност со “Курдите на Иран”. На овој напад му претходеше напад врз иранскиот амбасадор во Париз на сличен начин.
Иранските медиуми објавија дека овој напад, кој се случи на 14 септември, беше спроведен од група курдски активисти. Тие ја обвинија француската полиција за бавна реакција во случај на напад.
Членовите на иранското курдско малцинство живеат главно на запад и северозападно од земјата.
Групите за човекови права предупредија дека Курдите се соочуваат со дискриминацијата и кршењата на човековите права во Иран.