Граѓаните на Амстердам протестираа против политката на ЕУ кон бегалците

0
266

АМСТЕРДАМ (AA) – Голем број граѓани се собраа денеска во Амстердам за да протеситраат против политиката на Европската унија (ЕУ) кога се во прашање бегалците и мигрантите, јавува Anadolu Agency (AA).

Граѓаните се собраа на плоштадот Дам. Носеа транспаренти на кои пишуваше: „Отворете ги вратите на луѓето”, „Нашите врати на сите ви се отворени”, „Отворете ги границите”, „Нема место за расизмот”.

Извикуваа и слогани додека се движеа кон плоштадот Мусеумплеин. Претседателот на Фондацијата за меѓународни социјалисти „Евут ван ден Берг” за АА изјави дека собрале за да укажат на тоа дека не се согласуваат во несигурни земји да се праќаат семејствата со деца кои се обидуваат да избегаат од војната во нивните земји.

Срамно е, како што рече, тоа што во водите на Медитеранот е забележан толкав број смртни случаи. Ван ден Берг порача дека бараат бегалците, меѓу кои се и децата, да не се праќаат во несигурни земји.