Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва во росториите на хотел Дрим, оддржа средба пред присутните граѓани, симатизери и активисти на град Струга во рамките на кампањата за подршка на референдумот.
Гости на средбата беа, заменик министерост за здравство Асим Муса, градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, Атила Реџепи шеф на централниот изборен штаб, и лидерот на Демократската Унија за Интеграција, г-динот Али Ахмети.
Во текот на средбата сите гости пред присутните ја искажаа важноста од подршка на референдумот, и значењето на улогата од влез на Македонија во ЕУ и НАТО, како од економски така и о безбедносен аспект.
30 септември е историски момент кој ги соединува сите граѓани на Република Македонија, треба да гледаме кон иднината и она што ЕУ како заедница ни овозможува да го имаме, истакна Ахмети.
Се надевам дека граѓаните ќе ја сфатат сериозноста на овој референдум и со својот глас “ЗА“ ќе допринесат за нас, за нашите деца и нашите поколенија.
Нема безбедна Европа без мирен Балкан. Мирот и стабилноста се гласаат на 30 септември, исто така и иднината. Затоа, треба сите да комуницирате со вашите сограѓани од сите заедници за да не се двоумат и воздржат, туку на 30 септември да гласаат за европска Македонија”, порача Ахмети.
Друга опција нема освен онаа која може да не врати наназад на темните почетоци, се надевам дека на 30.септември ќе славиме уште една победа, овој пат заедничка од сите граѓани и за сите граѓани, без разлика на националната и верска припадност, истакна Ахмети, и уште еднаш ги повика граѓаните на масовно да излезат на 30.септември и со својот заокружен глас “ЗА“ да допринесат, односно отворат вратите на Македонија кон ЕУ и НАТО, и на тој начин обезбеди стабилна економија, безбедност, и понатамошен развој и просперитет на нашава заедничка држава, и да не подлегнуваат под влијание на сите оние кои сакаат да бојкотираат и вратат наназад.













