Додека се очекуваше ураганот Флоренс, на другиот крај од светот се одвиваше драма

0
471

Илјадници луѓе биле евакуирани од нивните домови на Филипините пред доаѓањето на супер тајфунот Мангхут. Станува збор за колосална бура што беснее во Тихиот океан.

Облачниот фронта на бурата се протега до скоро 900 километри, а во текот на неа ветерот дува со максимална брзина од 278 километри на час.

 

Ова е најсилниот е тајфунот што ги погоди Филипините оваа година, објави Јутарњи.

Се очекува дека тајфунот Мангхут во саботата наутро ќе го погоди островот Лузон во северниот дел на земјата, каде што се наоѓа центарот за одгледување на ориз и пченка на Филипините. Таму повеќе од четири милиони луѓе се наоѓаат во опасност.

 

Бура се шири со стапка еднаква со ураган од 5-та категорија, а минатиот четврток ја помина американската територија Гуама, предизвикувајќи недостаток на електрична енергија на 80 отсто од островот, корнејќи бројни дрвја и далноводи.

 

Стотици авионски летови беа укинати, а забранета била пловидба по морето.
Се очекува дека тајфунот ќе погоди најмалку 5,2 милиони луѓе, повеќе од почетната проценка од 4,3 милиони, бидејќи циклонот почна благо да се менува, пренесува Советот за намалување на ризикот од државни катастрофи.

 

Филипинскиот црвен крст соопшти дека бројот може да достигне до 10 милиони.