За израелските ученици школски ранци отпорни на куршуми

by Administrator

Израелска компанија соопшти дека измислила првокласна опрема за да ги заштити учениците за време на училишните престрелки – непробоен ранец, отпорен на куршуми објави АП.

Компанијата “Masada-Armor” соопшти дека нејзиниот ранец може да се претвори во заштитна елек за помалку од две секунди.

Стандардната верзија е отпорна на куршуми отстрелани од пиштолот, додека напредната верзија е отпорна на оние на пушката.

Сопственикот на компанијата, Јаир Розенберг, вели дека производот е дизајниран да ги заштити учениците од масовни напади.

“Луѓето бараа решение и ова е многу корисно”, рекол Розенберг.
Како што додава, во времето кога училиштата станаа воени зони, интересот за таков производ растеше.

Основната верзија е тешка околу три килограми и чини 500 долари, додека надградената верзија чини 750 долари.

You may also like