Се eвакуираат американски воени бази пред налетот на ураганот ‘Florence’

0
556

Морнарицата на САД ги преместува персоналот и бродовите, додека Авијацијата ги преместува авионите до побезбедни локации пред ураганот “Флоренце” на источниот брег на САД.
“Флоренце” ќе ги погоди области на некои се наоѓаат некои од најпознатите воени бази во САД, објави АП.

Илјадници американски маринци заедно со своите семејства го напуштиле кампот Lejeune во Џексонвил, Северна Каролина, иако не е издадена наредба за евакуација, додава агенцијата.

Од базата било соопштено дека секој кој останува во базата ќе има храна, вода и заштита, и покрај тоа што ќе се најде на патот на ураганот.

За сега, не е познато колку луѓе останале во кампот Lejeune, а персоналот чие присуство не е нужно раселено е од базата.

Ураганот “Флоренце” се приближува кон источниот брег на САД, а Националниот центар за урагани (NHC) издаде предупредување за Северна и Јужна Каролина.

NHC пренесе дека ураганот се уште се движи со ист интензитет и сеуште е опасен.

Удар за федералните држави на Северна и Јужна Каролина се очекува утре, и како што ќе оди кон брегот се очекува да зајакне.

Ситуацијата ќе се влоши во текот на денот, а најсилниот удар се очекува во петокот наутро.

Населението на источниот брег на САД пред почетокот на еден од најопасните урагани во последните децении започна евакуација, иако многу граѓани одлучија да останат во своите домови.

Ураганот “Флоренце” е од четврта категорија, ветерот со јачина од 215 километри на час мајмногу и се заканува на Северна и Јужна Каролина, како и Вирџинија.

Експертите предупредуваат дека голем број луѓе немаат поим што ги чека, а Националната метеоролошка служба соопшти дека 5,4 милиони луѓе живеат во областите на кои им се закануваат урагани на источниот брег, објави АП.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=IllWRRayBk8[/embedyt]