Најмалку 43 лица загинаа, а 37 биле повредени откако автобусот со кој патувале паднал во клисура во јужната индиска држава Телангана, соопштија официјални лица.
“Денес, автобусот кој превезувал 80 патници паднал во длабока клисура”, изјавил државниот официјален претставник Б. Раџесам.
Тој додаде дека во несреќата загинаа 43 лица, а 37 повредени биле пренесени во различни болници во областа.
Официјални лица изјавија дека жртвите биле хиндуистички верници кои биле во посета на храмот Anjane Swamy во Кондагату.
Полицијата покренала истрага за несреќата.
Сообраќајните несреќи се чести во Индија, поради лошите услови на патот и невниманието на возачите, пишува Xinhua.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)











