Непознати луѓе извршиле напад врз џамијата Селимија во градот Норденхам во германската покраина Долна Саксонија.
Станува збор за џамија која е под покровителство на турската управа за верски прашања на турската исламска заедница во Германија (DITIB).
Во соопштението на полицијата се наведува дека на зидот на џамијата во улицата Валтер-Ратенау,со црна боја биле напишани букви, а истовремено врз џамијата биле фрлени и различни производи од свинско месо.
Полицијата соопшти дека е покрената истрага за случајот.
Член на управниот одбор на асоцијацијата на џамиите, Идрис Аксут, изјавил за новинарите дека верниците минатата ноќ после јација-намаз, ноќна молитва, ја заклучија џамијата и си заминале дома.
“Не видовме ништо сомнително”, изјавил Аксут, “одвратниот напад веројатно беше извршен ова утро околу 4 часа”. Непознат човек или неколку од нив ја осквернавија џамијата испраќајќи им перверзни пораки напишани на ѕидот и фрлајќи кобаси од свинско мсо и парчиња од свинско месо“.
Тој остро го осуди нападот врз џамијата, додавајќи дека оние што сакаат да ги постигнат своите намери на овој начин нема да успеат.
Тој посочи дека на полицијата им предала фотографии од безбедносните камери од џамијата, нагласувајќи дека очекуваат случајот да биде расветлен што е можно поскоро.











