МОСКВА (АА) – Рускиот премиер Дмитри Медведев изјави дека владејачката партија Обединета Русија ја задржала доминацијата на политичката сцена во Руската Федерација, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Русија вчера се одржаа локални и регионални избори на кои беше избран нов состав на локалните и регионалните собранија и градоначалници и гувернери на регии.
„Според прелиминарните резултати, нашата партија ја задржа водечката позиција во сите делови на Федерацијата“, рече рано утрово Медведев.
На повик на притворениот опонент Алексеј Навални, руската опозиција вчера протестираше против реформите на пензискиот систем.
Најголемо внимание привлекува изборот на градоначалник на Москва, а владејачката опција очекува скоро сигурен реизбор на градоначалникот Сергеј Собјанин.











