Водостојот на Охридското езеро е за 25 сантиметри понизок од максимално дозволената кота.
Според последните мерења на УХМР, нивото на езерската вода е на котата од 693,50 метри надморска височина, односно на 25 сантиметри под максимално дозволената кота (693,75 м.н.в). Од почетокот на овој месец езерското ниво опаднало за два сантиметри.

И покрај тоа водостојот е далеку над просекот за септември, кој изнесува 693,33 м.н.в. Температурата на водата во Охридското езеро е опадната и изнесува 22 степени.
Според најавите на метеоролозите следува период на стабилно и суво време со засилен северен ветер. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР










