НАЈГОЛЕМ КОНЦЕНТРАЦИОНЕН ЛОГОР НА СВЕТОТ ! Заради недостаток на гориво за работа на генераторите, болниците во Газа можат да престанат со работа

0
316

Палестинското Министерство за здравство во неделата предупреди дека недостатокот на гориво може да има сериозни последици за функционирањето на Појасот Газа кој е под израелската блокада.

“Генератори ќе згаснат во главните болници во Појасот Газа заради недостаток на гориво. Нема никаков одговор од сите страни во врска со разрешувањето на кризата со горови “, изјавил Ашраф ал-Кидра, портпарол на палестинското Министерство за здравство.

Во вторникот, Министерството предупреди за евентуален колапс на медицинските услуги во болниците во појасот Газа, заради недостаток на гориво неопходни за работата на генераторите во болниците.

Во Појасот Газа, каде речиси живеат два милиони жители, има 13 болници управувани од Министерството за здравство и 54 центри за примарна здравствена заштита, кои сочинуваат речиси 95 проценти од сите здравствени услуги во крајбрежната енклава.
Појасот Газа, кој е под постојана опсада на Израел, се соочува со огромен недостиг на електрична енергија од 2006 година.

Извор:(Глобал / агенции)