Американската војска испраќа дополнителни војници во Германија – објавено е дека дополнителни 1.500 војници ќе бидат испратени до септември 2020 година. Оваа бројка е додадена на веќе постоечките над 33.000 американски војници стационирани во Германија.
Американскиот воен командант во Висбаден, Германија, порачува дека дополнителни војници ќе бидат перманентно стационирани во Германија, и со ова американско присуство ја зајакнува “континуираната посветеност на НАТО и колективната европска безбедност”.
Германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лејен, ја поздрави одлуката за доаѓањето на дополнителни американски војници. “Американската одлука е знак на виталноста на трансатлантското партнерство и нашата посветеност на заедничката безбедност”, истакнала таа.
Извор: Ројтерс
Home Настрана.... Американската војска испраќа дополнителни 1.500 војници во Германија на веќе постоечките 33.000










