Објавени видео снимки од големите руски воени вежби на медитеранот

by Administrator

Руската армија одржа големи воени вежби во близина на сирискиот брег, вклучувајќи ги и морнарицата и воздухопловните сили. Воените вежби, кои вклучувале и истоварување на руски маринци на сирискиот брег, доаѓаат во напнат момент околу ситуацијата во Идлиб и американските закани за напад врз Сирија.
Руското министерство за одбрана објави видео снимки кои прикажуваат како маринци се истоваруваат на брегот на сириската провинција Латакија.
Руски маринци користат хеликоптери, брзи бродови и оклопни возила после истоварувањето. За цело време придружба и заштита им даваат руските воени авиони.
Потсетуваме, станува збор за руски вежби кои траат една недела. Ова се првите такви руски вежби во оваа област на Медитеранот.
Во вежбите се вклучени повеќе од 20 руски воени бродови, а има и стратешки бомбардери. За време на вежбата биле тестирани неколку видови проектили.

https://www.youtube.com/watch?v=TMYsEaBMVl8

https://www.youtube.com/watch?v=vn2n1Fku7Kk

https://www.youtube.com/watch?time_continue=12&v=gWUO7n_sNP8

https://www.youtube.com/watch?v=5zCRlHfQlRo

Извори:Advance/Press TV | RT

You may also like