Во Камишли, град на североисток од Сирија, на границата со Турција, денес безбедносните сили на локалните Курди ја нападнале единица на сириската воена разузнавачка служба која се движеча на север од градот и на граничниот премин со Турција што ја држат владините сили на аеродромот јужно од градот во кој се распоредени владините сили. Од премините и квартовите во северниот дел на градот до аеродромот, мора да се пимине низ коридорот на станбени згради кој е долг 3,5 километри и широк околу 600 метри. Од двете страни се подрачја кои во поранешните судири со владините сили ги окупурале курдските сепаратисти.
Курдските извори соопштиле дека единицата на сириската воена разузнавачка служба влезе во делот на таканаречените сириски демократски сили без одобрение, заради што довело до конфликт.
Сепак, сириските извори објавија дека нападот врз единицата бил планиран однапред и објави видео кое покажува членови на курдските безбедносни сили на Асаиш, кои ја опколиле единицата пред да започне конфликтот.
Седум курдски милитанти и единаесет припадници на сириската воена разузнавачка служба беа убиени во размена на оган.
Прокурдските сили тврдат дека сириските разузнавачи првпат отвориле оган и морале да се бранат.
Последните три месеци поминаа во атмосфера за подобрување на односите меѓу владата на Дамаск и локалните претставници на таканаречената курдска самоуправа.
Делегацијата на политичкото крило на сириските демократски сили дури го посети и Дамаск на крајот од јули и се сретна со високи владини претставници.
Неодамнешната изјава на американскиот комесар за Сирија, Џејмс Џефри, кога изјави дека САД нема да се повлечат од војната на уништената земја, додека Иранците не заминат, може да биде причина за промена на однесувањето на сириските Курди.
Неколку локални набљудувачи претходно предупредија дека СДФ комуницира со владата во Дамаск само поради стравот од повлекување на американските трупи. Најновиот напад врз Камишли потврдува дека локалните Курди се потпираат исклучиво на заштитата на САД.
ВИДЕО – Курдските сили на местото на ликвидација на сириската воена разузнавачка служба










