Иранските сили извршиле напад врз камп на Курди во Ербил

0
325

Локалните медиуми објавија дека е извршен ракетен напад врз кампот ИКДП во местото Којшанчак, недалеку од Ербил. Нападот бил спроведен за време на состанокот на лидерите на ИКДП. Најмалку девет лица загинаа, а меѓу 30-те повредени се наоѓа и Мустада Мевулди, едно од водечките имиња на оваа организација

ИКДП исто така потврди дека имало напад, нагласено е дека имало мртви и повредени, но точниот број на жртви не бил индициран.
Исто така беше наведено дека едно иранско беспилотно летало извршило набљудувачки лет во овој регион, по што се случил жестокиот напад.

Иранската опозиција ИКДП функционира од 1996 година во кампови во градот Ербил. Од тој датум до денес Иран за прв пат спроведе напад со вакви размери.

Извор: Анадолија