Бунтовниците од Јемен извршија балистички напад на Саудиска Арабија

0
371

РИЈАД (АА) – Најмалку 23 лица се повредени после паѓање на остатоци од балистичка ракета кој од Јемен била истрелана кон Саудиска Арабија , а која била пресретната од кралската против-воздушна одбрана и била соборена, соопшти Анадолу Агенција (АА).
Портпаролот на просаудиската коалиција Турки ал Малики изјавил дека сојузничките сили пресретнале и срушиле проетил кој бунтовниците Хути го истрелале на пограничниот саудиски град Најран.
Во соопштението се наведува дека најмалку 23 лица во Најран, биле полесно повредени од остатоците на неутрализираната ракета, кои паднале на населеното место.
Паралелно со тоа, шефот на Цивилната заштита во Најран, Абдулхалик ал-Кахтани, за агенцијата СПА., соопштил дека најмалку 26 лица, меѓу кои и две деца, се повредени. Истиот извор објави дека 15 лица се полесно повредени, а 11 пациенти се хоспитализирани.
Јемен е поприште на длабока политичка и безбедносна криза која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна. Бунтовничкото движење Хуси го контролира главниот град Сана и уште неколку важни региони во земјата, а меѓународно признатата влада на Јемен дејствува од пристаништето Адена.
Конфликтите во Јемен дополнително беа засилени во март 2015 година кога Саудиска Арабија и нејзините сојузници почнаа да извршуваат воздушни напади на позициите на бунтовниците.
Бунтовниците Хуси од северниот дел на Јемен во изминатите три години истрелале околу 200 ракети на територијата на Саудиска Арабија. Во тие напади беа убиени најмалку 112, а неколку стотици цивили беа повредени.