ЕРДОГАН: Турција планира бројот на амбасади во Африка од 41 да ги зголеми на 54

0
516

АНКАРА (АА) – Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција на афричкиот континент, за која рече дека е многу важна, планира да зголеми бројот на амбасадите од 41 на 54, објави Анадолу Агенцијата (АА).

И понатаму ќе бидеме со Бенин и народот на ова земја, како што тоа е случај и досега. “Откако дојдовме на власт, Африка стана континент од голема важност за нас, и тогаш имавме 12 амбасади, а сега имаме 41. Нашата цел, е во 54 земји на Африка, да имаме амбасади. Турција на овој начин односите со африканскиот народ ќе ги подгне на уште повисоко ниво “, изјавил Ердоган на прес-конференција по средбата на претседателот на Бенин Патрис Талон во Анкара.

Додаде дека имал многу корисно средба, додавајќи дека со Талон разговарале за чекорите што треба да се преземат за да се зајакне политичкиот, воен, комерцијалниот, економскиот и културниот однос на двете земји.
Истакнал и дека сака да ја зголеми трговската размена со Бенин, која моментно изнесува околу 115 милиони долари.
Во текот на средбара Ердоган предупредил на опасноста на терористичките организации ФЕТО во Бенин, нагласувајќи дека тоа е “вирус” кој се инфилтрира во сите земји и институции.
“Америка, на пример, на лидерот на ФЕТО, му додели 400 хектари земјиште од каде управува со своите организации низ целиот свет. Америка им, на основа ” чартер школи “, годишно плаќа 800-850 милиони долари, рече Ердоган.
Талон истакнал дека неговата земја сака Турција да продолжи со силен раст како и досега.

“Очекуваме дека развојот и прогресот на Турција има влијание и на Африка”, рекол Талон, додавајќи дека е крајно задоволен со односите на двете земји.
“Турција има богато искуство и добри експерти, а Африка би требало да се искористи на некој начин”, рече Талон.
На крајот, тој истакна дека очекува уште повеќе турски бизнисмени во наредниот период да инвестираат во неговата земја.