Израел гради одбрамбен ѕид на северната граница со Либан со цел да ги спречи нападите од шиитското движење Хезболах.
Ѕидот е висок 7 метри, а бодликава жица е поставена на врвот.
“Главна закана за Хезболах се ракетите и нападите во Израел”, изјавил израелски претставник за новинарите на границата, објави Хина.
Израел ја започна 33-дневната војна против Хезболах во 2006 година, а борбите се водеа низ Либан.
Двете страни оттогаш го одржуваа несигурно примирје.
Предвидено е во следните две години ѕидот да ги покрие сите 130 километри од границата со Либан.
Целиот проект ќе чини околу 406 милиони евра.









