(Видео) Словенија ја тресе скандал: Вооружени и маскирани луѓе се подготвуваат за “одбрана на границата“ од мигранти

0
575

Словенија ја тресе скандал по снимката од голема група вооружени и маскирани луѓе во Марибор, наводно подготвувајќи се за “погранична одбрана”.
Словенечкиот претседател Борут Пахор, изјавил дека е крајно неприфатливо вворужена група на мажи скриени зад црни качулки, да се заканува и иво своите раце да држат оружје.

Лидерот на групата е Андреј Шишко, кој исто така беше претседателски кандидат и лидер на фудбалскиоѕ клуб Марибор, член на екстремната десница, кој ја најави “битката за јужната граница”. Паравоената група беше организирана со цел “да ја брани” земјата од имигрантите, со порака дека тие се “штаерски патриоти”.
Техничкиот премиер Миро Церар, исто така, реагираше на пораката дека така се шири ораза и дека Словенија нема потреба од паравоени групи по примерот на Ку Клукс Клан.

За Шишко веднаш е објавено дека има криминално минато, додека тој пак порачал дека на 13 септември во Љубљана ќе собере голем број луѓе кои од новата влада на Марјан Шарец ќе побараат да ги заостри условите за влез во Словенија.
Словенечките медиуми на истакнати позиции донесуваат најнови информации за постоењето на оваа паравоена група, полицијата испитува кој ги вооружуваа и кои се крие зад црните каќулки. Демократската јавност е длабоко загрижена и бара од владата и шефот на државата да ги испитаат и да ги казнат сите оние што ги прекршиле законите што е можно поскоро.