Започнаа масовните воздушни напади врз Идлиб, во пресрет на големата офанзива на Сириската војска

0
635

Денес, по неколкунеделните тензии, како на теренот и на политичката сцена, започнаа интензивни воздушни напади врз позициите на милитантите во сириската провинција Идлиб.

Нападите ги започна сириската воена авијација, за подоцна да им се приклучи и руската авијација. Според извештаите на активистите во Идлиб, руските воени авиони извршиле педесет воздушни напади врз цели на милитантите во покраината. Најмногу на мета е западниот дел на Идлиб, градот Џиср ал-Шогур и всоравнината Ал-Габ.

Сириски воени авиони за посебна цел го имале градот Јадарија, за кој се верува дека е едно од главните упоришта на Хајат Тахрир Ал-Шам, филијала на Ал Каеда во Сирија, поранешен Ал Нусра.

По завршувањето на битката за јужна Сирија, кога провинциите Дара и Кинетра се вратија во Дамаск, Идлиб стана очигледна цел на сириската армија (Сирија по ослободувањето на јужната земја – Идлиб како следната голема цел на сириската армија?).

Се претпоставуава дека после воздушните напади и артлериските напади, следните денови да се тргне во копнени напади, односно започне одлучувачката битка во Сирија.