Во Пакистан се оддржуваат индиректни претседателски избори

0
260

Во Пакистан денес се одржуваат индиректни претседателски избори на кои за шеф на државата се борат три кандидати. . Пратениците на националното собрание го избираат 13-тиот претседател на Пакистан за период од пет години.

Државната телевизија ПТВ извести дека парламентарните претставници почнаа да гласаат ова утро во 10 часот по локално време, и дека гласачките кутии ќе бидат отворени до 16 часот. Правото на глас на претседателските избори во Пакистан има претставници на двата дома на парламентот, на Сенатот и на националното собрание, како и на претставниците на четирите регионални собранија.

Кандидатот на владејачката Пакистан Техреек-е-Инзаф и неговите коалициски партнери е Ариф Алви, а негов најголем опонент е Аицаз Ахсан кандидат на најсилната опозициска Народна Партија на Пакистан. Заедничкиот кандидат на другите опозициски партии е Маулана Фазлу Рехман, лидер на партијата Мутахид Мајлис-е-Амал.
Пакистанската опозиција не успеа да постигне договор за номинирање на заеднички кандидат, иако преговорите се одржаа во пресрет на изборите. Владеачката опција е убедена во победата на кандидатот на Алвија.

Сегашниот мандат на Пакистанскиот претседател Меморан Хусеин истекува на 9-ти септември.

Функцијата на претседателот на Пакистан е од репрезентативен карактер и е позната како шеф на државата и симбол на Пакистанската федерација. Командантот исто така е врховен командант на пакистанските вооружени сили, но тој ги користи овластувањата само по препорака на премиерот на државата, кој е вистински шеф на извршната власт во таа земја.