Словенечките ултрадесничари, кои се претставуваат како Штајерска гарда, поставија на социјални мрежи на фотографии и снимки од собири на непозната локација. Вооружени и маскирани, припадниците на оваа група најавуваат “жешка есен” и протести што ќе ја “претворат Словенија во Венецуела”, вели порталот за 24 часа.
На порталот се наведува дека многу Словенци не верувале дека такви работи се случуваат во таа земја, но подоцна таа вест ја потврди поранешниот претседателски кандидат Андреј Шишко, кој во локалните медиуми потврди дека бил шеф на групата.
Сепак, Шишко е поддржувач на независна штајерска држава и тврди дека таа е формирана на 24 јуни 2017 година.
Словенечката полиција сé уште не се огласила за овој случај, иако членовите на оваа единица тврдат дека “словенечките радикални десничари се подготвуваат за војна со муслиманите и левичарите”.
Порталот 24ur наведува дека за овие прекршоци постојат одредени затворски казни од три до пет години.
Извор:cdm










