НЕСРЕЌА ВО ШПАНИЈА: Автобус удрил во столб, пет лица загинале

0
288

Во сообраќајна несреќа што се случи кога автобусот удри во столб на надвозник во Шпанија, најмалку пет лица загинаа, додека 16 биле повредени, објави Ел Мундо.

Автобусот Алса, кој бил на релација Кудилеро-Авилес-Хихон, беше целосно вдлабен околу столбот по ударот што се случи околу 13 часот и 40 минути на патот Авилес.
Четири патници загибале на самото место, додека петтото лице починало на пат кон болницата. Меѓу жртвите имало тројца мажи и две жени.

Менаџерот на болницата во Авилес, Енрике Гонзалес, истакнал дека ситуацијата е “склона да се промени”, додека медицинската интервенција се уште им се дава на некои, а други се во единицата за интензивна нега.

Извор:cdm