Кина ќе обезбеди 60 милијарди долари финансиска поддршка за Африка, изјавил претседателот Кси Џимпинг на отворањето на кинеско-афричкиот самит.
Оваа поддршка ќе се обезбеди во форма на државна помош, како и инвестиции од финансиски институции и компании, изјавил кинескиот претседател.
Кина, додаде тој, исто така, ќе го прошири својот увоз од Африка и ќе го олесни издавањето на обврзници на африканските финансиски институции во Кина, објави Ројтерс.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)










