ЕРДОГАН: Ќе ги спасиме нашите односи со Киргистан од сенката на ФЕТО

0
420

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција е решена да ги зајакне билатералните односи со Киргистан и да ја спаси од сенката на терористичката организација ФЕТО, јави агенцијата Анадолу (АА).

Image may contain: 3 people, people smiling, people standing

Турскиот претседател Ердоган е во официјална посета на Киргистан, а денес му беше доделена титулата почесен доктор по наука на Универзитетот Манас во Бишкек.
Тоа е турско-киргиски универзитет, а почесниот докторат на науката на церемонијата беше предаден и на претседателот на Киргистан, Соунбај Јеенбеков.


“Турција вложува големи напори за интензивирање на политичките, економските, трговските и културните односи со братскиот и пријателски Киргистан. Со спасувањето на овие односи од сенката на терористичката организација ФЕТО, ќе продолжиме да ја зајакнуваме нашата соработка “, рече Ердоган.

Image may contain: 5 people, people smiling, people standing
Во обраќање пред присутните , Ердоган предупреди од заканата на терористичката организација ФЕТО, која ја нарече подмукла и тајна творевина.
“ФЕТО е предавничка терористичка организација, а Киргистанците се наши браќа. Овие терористи, не дај Боже, утре би можеле да го повторат, 15 јули, и обидот за воен удар што го зедоа во Турција. Тие подли и подмукли и со најдобра намера на тоа ги предупредуваме нашите браќа и пријатели “, изјавил турскиот претседател Ердоган.
Ердоган во таа прилика го постави и камен темелникот за изградба на медицински факултет на Универзитетот Манас.

Image may contain: 1 person, standing, screen and suit
ФЕТО и нејзиниот водач Фетулах Ѓулен спроведоа долгогодишна кампања за уривање на државата со инфилтрација во турските институции, особено во армијата, полицијата и судството. На 15 јули 2016 година, оваа терористичка организација се обиде да изврши воен удар во Турција во која 251 лице го загубија животот и речиси 2.200 луѓе беа повредени.