ТУРЦИЈА / Директен судир на камионет и минубус, најмалку седум загинати и 19 повредени

0
391

Најмалку седум лица загинаа, а 19 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи рано изутрина во јужна Турција.

На патот во округот Огузели дошло до директен судир на камионет и минибус. Камионетот превезувал земјоделски работници на полињата во Килис.

Полицијата соопшти дека четири лица загинале на местото на несреќата, а 22 лица беа повредени. Уште три повредени лица починале во болница, а меѓу останатите 19 повредени уште три лица се борат за живот.

Меѓу загинатите биле возачите кои управувале со камионетот и минибусот, а во тек е истрага за причината за несреќата.

Извор: RSA