29
Портпаролот на авганистанската влада, Ханиф Резаи, денеска изјави во паѓање на хеликоптер ангажиран за НАТО, кој се урна во воена база во близина на градот Мазар-и-Шариф, загинал еден странски пилот и двајца авганистански војници, објави АП.
Резаи додал дека три лица се повредени, вклучувајќи и уште еден странски пилот, при уривање на хеликоптерот МИ-14 кој на подрачјето базата во северниот дел на Авганистан паднал кратко време по полетувањето.
Резаи изјавил дека причината за падот е технички проблем и дека немало непријателски оган.
Седум припадници на безбедносните сили биле спасени од леталото, а националноста на загинатите странски пилоти не беше потврдена.
Извор:cdm
