Серија силни експлозии во воена база на сириската армија

0
475
Syrian state media citing an unnamed military source is denying that an airbase near Damascus was hit by Israeli airstrikes overnight Saturday, saying instead that a series of explosions were caused instead by an electrical fault at an ammunitions depot in the area.

Серија силни експлозии биле регистрирана во близината на воздухопловната база Ал Мезе во сирискиот главен град Дамаск ноќеска. Инцидентот се случува во време кога сириската армија и нејзините руски и ирански сојузници се подготвуваат за офанзива врз бунтовничката област Идлиб, додека западните земји се заканија со акција доколку Сиријците употребат хемиско оружје.

 

 

Според сириските државни медиуми, во базата дошло до електричен проблем во магацин за муниција и тоа било причина за експлозијата. Сириската армија ја отфрли можноста експлозијата да е дело на израелската армија. Израел досега повеќе пати вршеше напади врз цели во јужна Сирија, каде се распоредуваат ирански паравоени единици. Дамаск е во дострел на израелските ракетни системи распоредени на Голанската висорамнина, а израелската Влада повеќе пати има посочено дека нема да дозволи иранско воено присуство во близина на нејзината граница.

Во Средоземното Море во тек е концентрација на борбени бродови на САД и на Русија, во очекување на офанзивата врз Идлиб. Во 2017 година САД ги употребија своите борбени бродови во Средоземјето за да извршат ракетни напади врз воената база Шајрат, од каде се претпоставува дека сириската армија врши напади со хемиско оружје врз бунтовниците