Американската атомска подморница Newport News, од класата Лос Анџелес, вплови во пристаниште во Гибралтар. Вооружена со крстосувачки ракети “Томахавк”, соопшти медиумот на Gibraltar Chronicle.
Подморницата беше забележана во пристаништето во четвртокот вечерта. Нејзе и се обидел да му се приближи бродот на шпанската царина, но била препратена од полицијата на Гибралтар. Пентагон го потврди доаѓањето на подморницата во Гибралтар, велејќи дека тоа е “планирана техничка посета”.
Со оглед на зголемената тензија помеѓу САД и Русија во врска со ситуацијата во Сирија и планираните операции за помош на сириската армија во регионот Идлиб, единствените преостанати региони во земјата под контрола на радикалните групации, може да се претпостави дека американската подморница од Гибралтар ќе продолжи да се движи во насока источното Средозмено Море, каде што веќе е сконцентрирана голема група на руски бродови и воздухопловството во рамките на големите воени вежби пред сирискиот акваториј, кои почнуваат денес, а ќе траат до 8-ми август.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=7dKZnkEeLOQ[/embedyt]
Извор:geopolitikanews











