Граѓани на Молдавија бараат соединување со Романија

0
255

Повеќе од илјада граѓани на Молдавија денесе се собраа во Кишињев за да побараат обединување со Романија.

Демонстрантите носеа романски и молдавски знамиња и извикувале “единство” и “Бесарабија, романска земја”, што е старото име за Молдавија.

Толпата била поздравена од неколку десетици Романци кои денес им се приклучија на митингот денес после поминати 1.300 километри во рамките на “100-годишниот марш”, кој започна во Романија на 1-ви јули.

Молдавија, која до Првата светска војна беше дел од Русија, се обедини со Романија во 1918 година, за подоцна во 1940 да биде припоена на Советскиот Сојуз, а во 1991 година стана независна држава.

Извор:(Vijesti / NN)