Русија убиството на Александар Захарченко го третира како акт на меѓународен тероризам

0
453

Рускиот истражен совет вчера изјави дека убиството на Александр Захарченко ќе се третира како чин на меѓународен тероризам.

Потсетуваме, лидерот на бунтовниците во источниот дел на Украина, Захарченко, во експлозија беше убиен вчера. Експлозијата се случи на просторот на еден кафе бар, притоа ранувајќи неколку други високи претставници на самопрогласената народна република Донецк.

Голем број руски аналитичари сметаат дека украинските власти стојат зад неговиот атентат. Тие тврдат дека елиминирањето на Захарченко покажува дека не сакаат спроведување на мировниот договор од Минск.
Без разлика кој го уби Захарченко, резултатот ќе биде зголемување на тензиите меѓу Русија и Украина.