ГЕРМАНИЈА / Експлозија во рафинерија: Евакуирани 1.800 луѓе заради опасност од труење со чад

0
252
Осум лица се повредени при експлозија во рафинеријата за нафта во Баварија, Германија, додека 1.800 луѓе кои живеат во близина на рафинеријата привремено се евакуирани.
Полицијата соопшти дека пожарот се раширил брзо по силната експлозија денес наутро во град на јужна Германија – Вохбург ан дер Донау- Vohburgu an der Donau. Густиот чад бил видлив и на километри од местото на експлозијата.
Жителите биле евакуирани поради опасноста од труење со чад, но тестот за квалитет на воздух подоцна покажал дека луѓето можат да останат во своите домови.
Германската новинска агенција ДПА објави дека сите осум повредени се работници од рафинеријата Bayernoil. Се тврди дека околу 400 пожарникари и полицајци се на теренот и го гаснат огнот.
Причината за експлозијата сеуште е непозната.