Најмалку 18 лица се повредени кога патничкиот авион на руската авиокомпанија “Утаир” при слетување во Сочи ја промашил пистата и удрил во оградата, по што го запалил.
Меѓу повредените имало три деца, соопшти руското Министерство за здравство.
Авионот Боинг-737 на линија од Москва до Сочи во еден безуспешен се обиде да слета во Сочи заради силни ветришта. За време на вториот обид, авионот ја промашил пистата и ја погодил заштитната ограда, а потоа запалил, пренесуваат агенции.

Руската новинска агенција РИА Новости објави дека авионот ја пробил оградата и слетал во речно корито, кршејќи го предното тркало и едното крило додека моторот на авионот се запалил.

На социјалните мрежи, се појави слика на инцидентот, пкажувајќи како авионот гори во близина на пистата.
Во авионот имало 164 патници и шест членови на екипажот.
Извор:(Vijesti)










