Седум бискупи и 96 свештеници обвинети за злоупотребување на 178 жртви

0
367

Бројот на случаи на злоупотреба кој се истражува во чилеанската католичка црква минатиот месец се зголеми речиси тројно, на 119 случаи, објави државното обвинителство.

Меѓу 167-те истражени лица седум се епископи и 96 свештеници обвинети за злоупотреба на 178 жртви, од кои 79 лица се малолетни, открија обвинителите.
Извештајот испратен од медиумските власти во петокот не наведува детали за злоупотребата, ама го обвинува свештенството за тој злочин и неговото прикривање.
Во јули, чилеанските власти отвориле 36 истраги за непознат број свештеници и епископи.

Во мај, папата Френсис ги повика 34-те чилеански епископи во Рим, по извештајот на истражувач во Ватикан, кој ги обвини за “тешка небрежност” околу истражувањето на наводите за злоупотреба на деца, тврдејќи дека ги уништиле доказите за сексуалните злосторства.

Извор: Фактор