Се очекува сириските владини сили наскоро да започнат офанзива на сириската провинција Идлиб, последното упориште на бунтовниците. Сириските власти решени се да ја “ослободат целата сириска територија” и покрај ризикот од западна “агресија”, изјавил во Москва сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем.
Обединетите нации вчера ја повикаа Русија, Иран и Турција да ги спречат борбите во сириската провинција Идлиб, каде што владините сили се подготвуваат за офанзива на бунтовниците.
Ројтерс објави дека специјалниот пратеник за Сирија, Стафан де Мистура, предупредил дека оваа битка ќе влијае на милиони цивили и дека двете страни би можеле да користат хлор како хемиско оружје.
АП објави дека генералниот секретар на ОН, Антонио Гутеррес, вчера предупредил на ситуацијата во Идлиб пораќувајќи дека таму ризикот од хуманитарна катастрофа расте.
Гутеррес ги повика Русија, Иран и Турција да се обидат да го запрат насилството во Сирија како држави гарантори, со цел да се најде мирно решение за Идлиб, провинција во која живеат речиси три милиони луѓе.
Се потсетува дека САД, Велика Британија и Франција предупредија дека ќе одговорат на каква било употреба на хемиско оружје во Сирија.
Ројтерс пренесе дека руската амбасада во САД објави дека амбасадорот Анатолиј Антонов им рекол на американските официјални лица дека Москва е загрижена поради знаците дека Вашингтон подготвува нови напади во Сирија.
Се тврди дека Антонов во разговорите што се одржа претходно оваа недела предупреди дека Русија е против “неоснована и незаконска агресија во Сирија”.
Во соопштението на официјалната страница на руската амбасада во Вашингтон се наведува дека Антонов се состанал со неколку американски официјални претставници, меѓу кои и специјалниот претставник за Сирија, Џејмс Џефри.
Сепак, се очекува сириските владини сили наскоро да започнат офанзива на сириската провинција Идлиб, последното бунтовничко упориште.
“Без разлика дали постои тристрана агресија или не, тоа нема да влијае на нашата решеност да ја ослободиме целата територија на Сирија”, изјавил Муаллем на прес-конференцијата во Москва по разговорите со неговиот руски колега Сергеј Лавров.
САД, Франција и Обединетото Кралство минатата недела го предупредија сирискиот претседател Башар ал-Асад дека нема да дозволат употреба на хемиско оружје кое властите во Дамаск би можеле да го користат за време на можна офанзива за враќање на северозападна провинција Идлиб.
Офанзивата на таа областа која се граничи со Турција се чини дека ќе биде извршена многу брзо, но исто така зависи и од договорот меѓу Москва, кој ги поддржува властите во Дамаск и Анкара, кој ги поддржува бунтовниците и се залага за мирно решение, стравувајќи од нов бран бегалци на својата територија.
Лавров предупреди за нова провокација со хемиско оружје, која според Москва се подготвува, и која имза за цел да ја комплицира воената операција во Идлиб.
“Цврсто ги предупредивме нашите западни партнери дека не играат со оган”, рекол Лавров.
Извор:(S.B./Agencies)











