Активистичка група која ги следи судирите во Сирија денеска објави дека бунтовниците ги уништуваат мостовите во северозападниот дел на земјата во пресрет на офанзивата од страна на државните сили.
Сириската опсерваторија за човекови права објави дека бунтовниците, со поддршка на Турција, ги уништиле мостовите во провинцијата Идлиб.
ОН претходно предупреди дека офанзива во област населена со три милиони луѓе, најверојатно, ќе предизвика голема хуманитарна катастрофа.
Повремени мостови ги поврзуваа териториите контролирани од бунтовниците и државните сили во селата во долината на Ел Габ, јужно од градот Идлиб, објавија АП.
Рами Абдулахман, директор на Обсерваторијата, изјави дека во ова подрачје одекнувале експлозии откако бунтовниците забележале движења од страна на државните сили.
Во исто време, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека сириската влада има право да ги протера “терористите” од Идлиб, додавајќи дека разговорите за воспоставување на хуманитарни коридори се во тек, објави Ројтерс.
Лавров рече дека Русија и САД се во постојана комуникација и дека Москва не планира да ги скрие своите активности во тој регион.
Западот изрази загриженост поради зајакнувањето на руските поморски сили во Медитеранот во близина на сирискиот брег.










