Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во дадената изјава за печатот пред да започне неформалниот состанок на министрите за надворешни работи (Гимних) на Европската унија (ЕУ) кој што ќе се одржи утре и задутре во австрискиот главен град Виена истакна дека постои загриженост од можен напад на подрачјето на градот Идлиб во Сирија и дека се вложуваат напори за спречување на оваа можност.
Чавушоглу напомена дека реализацијата на евентуален напад на подрачјето на градот Идлиб ќе претставува катастрофа.
Велејќи дека разговарал со своите колеги од Русија, Иран и од други земји, Чавушоглу рече: „Нападот за Сирија, за Идлиб би претставувал катастрофа.“
Мевлут Чавушоглу привлече внимание дека во подрачјето на градот Идлиб се наоѓаат 3,5 млиони цивили и дека за неутрализирање на радикалните групи во ова подрачје треба да се работи заедно, по што го подвлече следното: „Во спротивно ќе дојде до сериозни проблеми од хуманитарен аспект, безбедноста и иднината на Сирија и од аспект на изнаоѓањето на политичко решение.“
Осврнувајќи се и на ставот на САД во врска со ракетните системи за противвоздушна одбрана С-400 кои што Турција ќе ги купи од Русија, Чавушоглу потсети дека Вашингтон во полседно време врши притисок врз секој свој сојузник во однос на секое прашање.
„Овој нов метод и начин на однесување кон своите сојузници и пријатели навистина почна да го вознемирува секого. Не може да постои такво пријателство, не може да постои и такво сојузништво.“ – рече Чавушоглу.
Мевлут Чавушоглу нагласи дека во трговијата трерба да се раководи од формулата добивај-добивај и дека едностраниот приод ќе биде погрешен.
Велејќи дека Турција ги купи ракетните системи С-400 од Русија, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Точка. Отсега не може да се дискутира за тоа. Имаме итна потреба ги купивме. И кога ги купувавме ние ја покажавме потребната чувствителност и да не би претставувале закана особено против НАТО и нашите сојузници. Ние мораме да го одбраниме нашиот воздушен простор. Одбраната на нас самите, на нашиот народ и на нашите територии претставува наша главна задача.“
Извор:ТРТ










