РОЈТЕРС: Иран започна со префрлување на ракети на силите лојални во Ирак

0
333

Новинската агенција Ројтерс објави извештај во кој се тврди дека Иран им дал балистички проектили на неколку лојални шиитски сили во соседен Ирак и наводно, исто така, работаат на отпочнување на производство на проектили во Ирак, што може да биде предупредување до иранските непријатели во случај на конфликт.
Ројтерс се повика на неидентификувани официјални лица – тројца од Иран, двајца од Ирак и на двајца “западно разузнавачки службеници”.

Во текстот се наведува дека овие информации можат да бидат многу незгодни по три европски сили – Франција, Германија и Обединетото Кралство – кои сеуште се во согласност со иранскиот нуклеарен договор.

Се разбира, исто така може да се каже дека овие информации, може или не мора да бидат точни, доаѓа исто така во време кога сака да се изврши притисок врз останатите потписници на нуклеарниот договор со Иран, откако САД одлучи да го напушти.
Засега, ирачките власти и ирачката армија не ги коментираа овие наводи.

Во извештајот се наведува дека Иран во Ирак сепак префрлил ги префрлил проектилите Зелзал, Фатех-110 и Золфакар- станува збор за проектили кои имаат домет помеѓу 200 и 700 км. Тоа пак значи дека , од таму тие би можеле на пример да го гаѓаат Ријат и Тел Авив, се наведува во извештајот.

Извор:Ројтерс