Израелските војници при интервенција на Палестинците, собрани на мирни протести познати како “Голем марп за враќање“ во пограничниот дел на Појасот Газа, ранија 28 лица пренесува агенцијата на Анадолу.
Во изјавата од палестинското Министерство за здравство, се тврди дека израелските сили во таа прилика против демонстрантите користеле боева муниција.
Се додава дека во тешка ситуација се наоѓа лекар кој работел како волонтер како и 10-годишно дете.
Во соопштението исто така се наведува дека 92 Палестинци биле изложени на силен солзавец.
Палестинците од 30 март, Денот на Земјата, на границата на Израел и појасот Газа го организираат “големиот марш за враќање”. Оттогаш, повеќе од 160 луѓе се убиени, а повеќе од 17.000 се повредени.
Израелските војници, од друга страна, користат боева муниција против цивилното население, кое “бара враќање на територијата од која се протерани и укинувањето на опсадата на Газа воведена во 2006 година”.

Извор: Агенција Анадолу
