Германија ќе ја зголеми финансиската помош за Палестина, после укинувањето на помошта од страна на САД

0
310

Германската влада вети значително зголемување на финансиската помош за агенцијата на ОН која им помага на палестинските бегалци откако САД ја укина својата помош.
Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, изјави дека кризата со средства од Агенцијата на Обединетите нации за помош и развој (UNRWA) ја зголемува неизвесноста.

“Губењето таква организација може да предизвика неконтролирана верижна реакција”, истакнал тој.

Германија веќе обезбеди 81 милион евра за UNRWA оваа година, изјавил Маас, и се подготвува да го зголеми својот придонес. Тој не даал никакви бројки.
Маас изјавил дека е јасно дека германското финансирање не може да го покрие дефицитот од 217 милиони американски долари, направен со американското повлекување, и побара од Европската унија и од други држави да работат кон “одржлива финансиска основа за организацијата”.

Ова е дел од пошироката масовна иницијатива дека Германија презема повеќе одлучувачки став во врска со несогласувањата со САД во врска со голем број прашања, вклучувајќи трговија, воени инвестиции и климатски промени.
Јордан во четвртокот објави дека ќе води кампања за собирање средства за помагање на опстанокот на агенцијата на ОН, вклучувајќи го и апелот до Арапската лига.
UNRWA се соочува со финансиска криза, бидејќи САД, нејзиниот најголем донатор, ги укина финансиите, наведувајќи дека на агенцијата й требаат уште нерешени реформи и ги повикуваат Палестинците да продолжат со мировните разговори со Израел.
Агенцијата е основана во 1949 година по првата арапско-израелска војна, после која уследи егзодус од околу 700.000 бегалци кои избегаа или беа протерани од државата Израел.

UNRWA сега се грижи за повеќе од пет милиони луѓе во Јордан, Либан, Сирија и палестинските територии на Западниот брег и појасот Газа, објави Ројтерс.

Извор: Фена