ГЕРМАНИЈА: Девет години и осум месеци затвор за напаѓач на џамија во Дрезден

0
755

Нино К., кој во септември 2016 година изврши напад на џамијата Фатих во Дрезден во Германија, осуден на девет години и осум месеци затвор, според агенцијата на Анадолу.
Имено, Нино К. тогаш со експлозив од рачна изработка изврши напад врз џамијата која делува во рамките на Унијата на турско-исламски верски прашања (ДИТИБ) и Меѓународниот конгресен центар.

Покраинскиот суд во Дрезден, на 31-годишен маж, го казни со казна од девет години и осум месеци затвор за “обид за убиство, напад со експлозив и прдизвикување на пожар”.

Тој признал дека сам ја направил експлозивна направа и дека извршил напад врз џамијата и Конгресниот центар, тврдејќи дека немал намера да убива некого.
Сојузниот обвинител барал затворска казна од 10 години и девет месеци.
Нино К. нападот на џамијата, а потоа и на Конгресниот центар го изврши на 26 септември 2016 година. Во моментот на нападот во џамијата се наоѓал имамот со семејство.

Во нападот немало повредени или жртви, но била предизвикана значителна материјална штета.
Утврдебно е дека Нино К. бил еден од говорниците на протестот на ПЕГИДА одржан пред една година.

Извор:faktor