Руското Министерство за надворешни работи ги предупреди западните земји да не се играат со “оган” во сириската провинција Идлиб.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакна дека се подготвува исцениран (режиран) напад со хемиско оружје во провинцијата, што може да доведе до реакција од срана на коалицијата предводена од САД, пренесе РТ.
– Се подготвува нова провокација за да се спречат плановите за спроведување антитерористичка операција во Идлиб. Имаме факти на маса и јасно и силно ги предупредуваме нашите западни колеги да не се играат со оган – изјавил рускиот министер за надворешни работи по разговорите со сирискиот колега Валид Муалем.
Поради тензиите, Русија објави масивни воени вежби во Средоземното Море, кои вклучуваат 25 бродови, 30 авиони, вклучувајќи ги и стратегиските бомбардери Ту-160.
САД претходно објавија дека ќе реагираат во случај на употреба на хемиско оружје од страна на сириските владини сили.
Извор:(Vijesti/ ФЕНА)











