Денешна Турција посилна е од онаа од пред 20 години

by Administrator

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Анкара изјави дека денешната Турција е многу посилна од онаа од пред 20 години, пренесе агенцијата Анадолу.
Ердоган зборувал на церемонијата во Анкара, организирана за одбележување на заминувањето на новата генерација турски воени академици.

– Турција има потреба од армија и човечки капацитети кои најдобро ќе ја бранат државата и народот, а не од оние кои постојано ќе произведуваат удари и воена хунта – истакнал Ердоган и нагласил:
– Денешната Турција е многу посилна, попросперитетна и поспособна од онаа на Турција од пред 20 години. Турција утре ќе биде многу посилна и поспособна земја.
Тој додаде дека никој нема да може да застане на патот на напредокот на силна Турција.

– Нема да може да ја запрат силна и голема Турција. Кога ќе помислат дека илјада години нè собориле на колена, ние по илјадити пат ќе станеме и продолжиме понатаму”, рекол Ердоган.

Тој, исто така, истакна дека на Турција й треба армија и човечки капацитет што најдобро ќе ја брани земјата.

– Не само што ќе ја спасиме нашата војска од терористички напади, првенствено од ФЕТО и ПКК, туку ќе ја направиме направиме уште посилна.

You may also like