Обединетите нации денес ја повикаа Русија, Иран и Турција да ги прекинат борбите во сириската провинција Идлиб, кое би загрозиле милиони цивили и би можело да доведе до употреба на хлор како хемиско оружје.
Мировниот претставник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура, за новинарите изјави дека има висока концентрација на странски борци во Идлиб, вклучувајќи и околу 10.000 терористи, но подобро е да се воспостават хуманитарни коридори за евакуација на цивилите, наместо да се брза во битката која би се покажала како “совршена бура”, објави Ројтерс.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)










