АНКАРА (АА) – Денеска, по повод 30 Август, во цела Турција се прославува 96-годишнината од Денот на победата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на прославата, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, го посети мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк.

Претседателот Ердоган, по повод 30 Август, Денот на победата, ќе ги прими честитките во Претседателската палата, ќе учествува на церемонијата на дипломците од Воените академии при Универзитетот за национална одбрана и ќе организира прием во Претседателската палата.

Во Ќутахја, министерот за млади и спорт, Мехмет Мухарем Касапоглу, ќе учествува во програмата „Од Коџатепе кон Думлупинар-Зафертепе, пат кој води кон независноста“, во рамките на прославата на 30 Август, Денот на победата.
– Прослава во Истанбул
Гувернерот на Истанбул, Васип Шахин, ги прими честитките по повод 30 Август, Денот на победата.
Учесниците во церемонијата што се одржа на плоштадот „Таксим“, пред Споменикот на Републиката, потоа преминаа во истанбулското Гувернерство.
Гувернерот Шахин, по пристигнувањето во службените простории, ја започна церемонијата за примање честитки.
Во програмата што беше подготвена во истанбулското Гувернерство, покрај претставници на Војската, градоначалници на истанбулските општини и други официјални лица, учество зедоа и претставници на странски земји, претставници на цивилни и административни организации, претставници на верските заедници и други гости.










