БЕЗ ДЕТАЛИ ЗА ЈАВНОСТА: Зариф во ненадејна посета на Анкара, состанок со Ердоган зад затворена врата

0
417

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф, денес се состана со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Анкара, објави канцеларијата на турскиот претседател.

Зариф пристигна во ненајавена посета на седиштето на владејачката Партија на правдата и развојот на Ердоган, додека се очекува офанзива на сириските владини сили поддржана од Техеран, во провинцијата Идлиб, северозападно од земјата што се граничи со Турција.

Состанокот, како што пренесува Анадолија, траел околу еден час, а на состанокот присуствуваа турскиот дипломатски шеф Мевлут Чавушоглу. Не е соопштено за што се разговарало во текот на состанокот.

За време на седумгодишната војна, Анкара ги поддржа бунтовниците кои сакаа да го соборат сирискиот претседател Башар ал Асад. Идлиб е под мнозинска контрола на бунтовничките групи, а Турција предупредува дека военото решение би можело да доведе до катастрофа и бегалска криза.

Турција, која има околу три милиони сириски бегалци на нејзина територија, ја задржува својата граница затворена и ги ограничува премини.
ОН, исто така, предупреди за можна криза со бегалци и егзодус на 800.000 бегалци.