Турција уште еднаш истакна дека не се откажува од рускиот С-400, и покрај притисоците од страна на САД

0
320

Турција уште еднаш порача дека не планираат да се предадат пред притисокот на САД за купување на рускиот противвоздушен систем С-400 и повикаа својот НАТО сојузник да “престанат со јазикот на заканата”.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, вчера изјави дека С-400 е “императив” за Турција. Како една од причините, тој исто така рече дека Турција претходно планирала да ги купи американски Патриот системи, но верува дека претставниците на САД во Турција не дадоа уверување дека овој договор ќе биде одобрен во Конгресот.

“Мораме да го заштитиме нашиот воздушен простор, ова е императив за нас. Тие треба да го разберат тоа. Може ли САД да ни гарантираат дека ќе ни продадат Патриот системите”, изјавил Чавушоглу. Пртитоа очигледно се реферирал на фактот што САД одложуваат прашањето за испорака на авиони Ф-35 во Турција.

Извори:RT