Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 59-годишната М.К. од Охрид за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
– Пријавената, како помошник директор за економски работи во ЈЗУ „Општа болница“ од Охрид, не поставила соодветно лице вработено во болницата, во отсекот за финансии и сметководство за да ја сработи и поднесе годишната завршна сметка за 2015 година, во законски предвидениот рок, за што на ЈЗУ „Општа Болница“ од Охрид му била изречена казна за задоцнување за поднесување на завршна сметка од 60.000 денари, информираат од МВР. (Крај)
извор: Ohridpress/МВР фото: архива











