Пет партии со умерена ориентација денеска потпишаа договор за формирање влада на левиот центар во Словенија, предводена од мандатарот, Марјан Шарец.
“Верувам дека сите ние го добивме она што го сакаме и дека владата ќе стане целосно оперативна за две недели”, изјавил Шарец, објави СТА.
Овие партии заеднички имаат подршка од 43 пратеници во парламентот, кој има 90 членови, за кои се согласија да соработуваат со партија на Левицата со цел да формираат малцинска влада која треба да ја преземе функцијата во средината на септември.
Аналитичарите предвидуваат дека таквата влада нема да биде стабилна, соопшти АП.
Победникот на изборите во јуни – антимиграционата Словенечка Демократска партија на поранешниот премиер Јанез Јанша не успеа да добие поддршка за формирање влада во Словенија.
Извор:cdm









